Меѓународна музичко поетска вечер „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“

Во организација на Здружението на љубители на Ромската фолклорна уметност „Романо ило“, во големиот салон на Галерија „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје вечер ќе се одржи II Меѓународна музичко поетска вечер 2025 насловена „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“ со учество на 35 поети и писатели од повеќе земји, по објавениот конкурс во спомен на Ромите и Синти жртви на нацистичкиот холокауст во време на Втората светска војна.
Оваа манифестација е во рамките на програмата на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје која ја поддржува соработката со разни здруженија и НВО, особено во афирмацијата на малите заедници, а воедно и во контекст на одбележувањето на историските настани и јубилеи кои се и од меѓународно значење.