Меѓународен тим од СЗО оди во Кина за утврдување на потеклото на Ковид-19


Меѓународен тим научници формиран од Светската здравствена организација (СЗО) за утврдување на потеклото на новиот коронавирус ќе ја посети Кина следниот месец.

Засега нема детали за мисијата. Сепак, неколку високи претставници на СЗО рекоа дека сакаат таа да ја посети областа на централниот кинески град Вухан, каде што се смета дека се појавил коронавирусот, пред да проверат дали има други траги што водат на друго место.

Мисијата вклучува 10 научници од Данска, Велика Британија, Холандија, Австралија, Русија, Виетнам, Германија, САД, Катар и Јапонија. Тие ќе треба да го утврдат потеклото на вирусот и како тој бил пренесен на луѓето.

Научниците од мисијата првпат разговараа со кинеските колеги во октомври. Ова се случи во виртуелен формат.