Меган Маркл со чанта на сезоната: Свилена шамија како рачка


Англија- Меган, војвотката од Сасекс се врати на лондонската добротворна сцена, (на наградите WellChild во хотелот Ројал Ланкастер), со стил, во кафени тонови, освежена од турнејата по Јужна Африка.

Елегантна со камел капут и салонки од превртена кожа, во фустан на италијанскиот бренд „Парош“, ја промовираше малата чанта на сезоната со свилена шамија како рачка на брендот Монтунас од Костарика, од 365 фунти.