Меган Маркл роди машко бебе


Најочекуваното бебе на годината пристигна во понеделник, во попладневните часови. Војвотката Меган Маркл добила контракции во текот на денот, потврди Бакингемската палата, јави Би-би-си. За Меган и британскиот принц Хари ова е прво дете.
Бебето на Меган Маркл и принцот Хари е седмо во редот за британската круна, по принцот од Велс, војводата од Кембриџ и нивните деца – принцовите Џорџ и Луис, принцезата Шарлот како и војводата од Сасекс.
Во официјалната изјава на Бакингемската палата, испратена до медиумите, стои дека војвотката од Сасекс добила контракции во раните утрински часови и дека цело време покрај неа е нејзиниот сопруг, принцот Хари. Повеќе информации за раѓањето на приновата во кралското семејство од Бакингемската палата ќе споделат во следните денови.

Не се знае ниту каде се породила Меган, иако претходно британските медиуми објавуваа дека таа сака да се породи дома, како кралицата Елизабета Втора.
Со оглед на фактот дека првото дете на војводата и војвотката од Сасекс нема да претендира за тронот, Меган сака породувањето да биде што поприватно.
Веќе го избрала и лекарскиот тим во кој има само жени, но не и мажи доктори.
Се спомнуваше дека таа учела и хипно-техники за породување за да не трпи големи болки, по совет на мајка ѝ Дориа Рагланд која ја храбреше да се породи по природен пат.
Принцезата Кејт три пати се има породено во болницата „Сент Мери“ во Лондон, а принцезата Ана и принцезата Дајана се имаат породено во славната болница „Линдо Винг“ во Лондон.