Меган Маркл ја продава куќата во Америка


САД- Војвотката од Сасекс, пред да се омажи со принцот Хари, живеела во лускузна куќа во Лос Анџелес. Во таа куќа глумицата и блогерка Маркл живеела со поранешниот сопруг, режисерот Тревор Енгелс во периодот од 2011 до 2013 година.Куќата се продава за 1,8 милиони долари.

Иако оваа куќа не може да се спореди со новиот дом кадешто сега живее Маркл со принцот Хари, сепак е со импресивен изглед – градена е во колонијален стил и располага со 210 квадратни метри простор и голем двор.

Во дневната соба има камин и огромна кујна. Внатрешниот дел е модерен со под од тврдо дрво и мебел во бела нијанса. Куќата има 4 спални соби и три купатила.