Меџити не се откажува од интерпелација против Груби


Шефот на пратеничката група на ДУИ и претседател на партискиот огранок во Чаир, Изет Меџити, не се откажува од интерпелацијата најавена против вицепремиерот за политички систем, Артан Груби, објави Алсат-М.

Тој вели дека неговиот пристап кон Собранието ќе биде конструктивен и критичен и дека ќе продолжи да дели критики ако некој греши.

– Ќе продолжам во Собранието да ги поддржувам и да ги критикувам онаму каде што грешат. Опцијата за интерпелација против Груби останува – изјави Меџити.

Од друга страна, пак, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска истакна дека на партискиот состанок не останало ништо неразјаснето и дека воопшто не се зборувало за нечија оставка.