Меџити и Николоски ги „пеглале“ деталите за Универзитетскиот кампус и паркингот под „Секндербег“


Фото: Б. Грданоски

Изградбата на Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на плоштадот „Скендербег“ стануваат реалност, тврди првиот вицепремиер Изет Меџити, кој е и актуелен кандидат за градоначалник на Општина Чаир од ВЛЕН.

За овие крупни проекти се обезбедени 65 милиони евра од државниот буџет, а според Меџити, реализацијата на овие проекти ќе започне многу скоро.

„Сè е подготвено за нивниот почеток. Овие инвестиции ќе донесат долгорочни придобивки за студентите, граѓаните и економскиот развој на Скопје. Во таа насока, денес остварив значаен состанок со министерот за транспорт, Александар Николовски, директорот на Инспекторатот за градежништво и претставници на Општина Чаир, каде што се договоривме за конкретните чекори што ќе го обезбедат итното започнување на овие проекти“, се пофали Меџити.

„Благодарение на меѓуинституционалната координација и заедничката посветеност, многу брзо ќе започне теренската реализација на овие проекти од национално и стратешко значење“, додава Меџити.