Изет Меџити го носи архитектот на Ердоган да прави мастер план за Чаир

На неговиот Фејсбук профил, вицепремиерот Изет Меџити, кој е кандидат на „Вреди“ за градоначалник на Чаир, го објави името на познатиот урбанист од Турција, Бајрам Вардар, кој ќе биде дел од тесниот круг на соработници кој веќе работи на новиот концепт за урбан развој на оваа скопска општина.
Во видеото од разговот помеѓу познатиот архитект и Изет Меџити, Бајрам Вардар меѓу другото вели: „Слично на Истанбул или Бурса, предизвиците и тука во Чаир се слични. Ние сме биле и во Барселона, и тој град претрпе реновирање. Ние ќе изработиме мастер план за Чаир, заедно со граѓаните и додатно ќе изработиме план за имплементација. Потоа ќе ги развиеме и столбовите на овој мастер план.”
Ескпертот Бајрам Вардар бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога бил градоначалник на Истанбул, а бил и главен урбанист на градот Бурса, со што директно влијаел врз урбаниот развој на овие два милионски градови.