Меџити: Балансерот ќе се замени со закон за правична застапеност, нема Иван што ќе го промени тоа


Балансерот ќе биде заменет со закон за правична застапеност, ќе има прв вицепремиер, а населбите да не изгледаат како од третите земји, се целите на коалицијата ВЛЕН, претставени на денешната  на која беа претставени програмските столбови и новиот владин тим, како и предизвиците во наредните четири години.

Како што кажа претседателот на Демократското Движење, Изет Меџити, во новиот кабинет тој ќе го водиМинистерството за животна средина, а целта му е населбите да ги претвори во достојни за живот, да не наликуваат на оние од третите земји.

– Во изминатите години нашето општество беше повеќе фокусирано на своите егзистенцијални аспекти. Од многу причини почнавме од нула. Но, во иднина, нашето внимание и ресурси дефинитивно мора да бидат насочени за нашите населби повеќе да не изгледаат како населби од третиот свет. Имаме обврска да работиме што повеќе да се доближиме до цивилизациските вредности на западните земји, грижејќи се за животната средина и амбиентот околу нас. Ние веруваме во оваа промена и ветуваме дека ќе ја оствариме – изјави Меџити  и тоа беше сè што кажа во врска со неговата работа во следните четири години.

Во другиот дел од говорот тој се занимаваше со политички прашања, па откри дека прв вицепремиер ќе има и во владата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа ќе биде токму Меџити.

-Како ВЛЕН имаме договор со мандатарот или со идниот премиер да имаме прв вицепремиер,  и ќе бидам јас! – изјави Меџити.

Со измените и дополнување на Деловникот за работа на Владата на Република Македонија (Сл. весник на РМ бр. 215/2020), се воведе функцијата „Прв вицепремиер“.

Идниот вицепремиер и министер за екологија Изет Меџити на промотивната конвенција на вработените во извршната власт вети дека балансерот ќе биде заменет со закон за правична застапеност.

– Балансерот ќе биде заменет со законот за правична застапеност. Со ова, застапеноста ќе стане законска обврска, рече Меџити.

Појасни дека во наредниот период ќе има голема реформација и трансформација на министерствата. Но, додека формата ќе се менува, содржината – односно основните концепти – ќе остане иста: правата на Албанците ќе продолжат да се гарантираат и штитат со Уставот и Охридскиот договор.

– Балансерот со кој многу Македонци станаа Албанци за да се вработат ќе се замени со Законот за правична застапеност. Тоа ќе биде направено за правичната застапеност да стане законска обврска, а не да остане механизам за политичко пазарење како што беше досега. Овде сакам да разјаснам, и внимателно слушнете ме: Ниту еден Иван посебно не Иван Стоилковиќ, никогаш не може да ги примени фактите! – рече Меџити.

Тој се повика на Аристотел кој рекол: „Не е доволно да се победи војната. Многу е поважно да се организира мирот“. Нè очекува голема работа во транзицијата и консолидацијата на нашите институции: во нивното ослободување; во враќањето на доброто владеење; во реконструкцијата на слободните медиуми; а особено во враќањето на изгубената доверба во судството и обвинителството. Верувам дека ова, со помош на нашите пријатели и партнери, е можно!

– Пред вас денеска претставувам нова платформа: платформата на патриотизмот како знаење, патриотизмот како професионализам и како одговорност. Заврши времето на демагогија. Денеска се бараат образовани, искусни и храбри луѓе да бидат носители на сложените реформски процеси за да ја направиме нашата земја нормална, економски развиена земја и подготвена за интегрирање во Европската Унија. Ќе се фокусираме на работата; почитување на институциите; одговорност за преземената задача; исполнување на обврските навремено и успешно. Тоа може да го направи само новата генерација кои се ослободени од товарот на старото, од хипотеките на минатото, од фолклорот полн со зборови и малку труд. Ова сме ние – генерацијата политичари кои еднаквоста ја имаат во генетскиот код, а не во политичките говори; генерацијата политичари кои ќе постигнат еднаквост со дела а не со празни зборови! – изјави претседателот на Демократското Движење.

Вели дека уште пред да се формира владата, биле „нападнати“ од пропагандната машинерија на нивните политички ривали. „Но, денес не сакам да се занимавам со нив. Веќе ме познавате. Јас не сум политичар со големи зборови. Но, го штитам дадениот збор и се борам да го исполнам до крај. Така, денес многу од моите ривали ќе се занимаваат со тоа што ќе правам како министер. Но, прво ќе ви кажам што нема да направам како министер:

Нема да играм фудбал со министрите во кабинетот! Нема да излегувам со куфер пред јавни институции! Нема да се занимавам со бизнисите на Лотарија и Соравиа!“ рече Меџити.