Медведев повторно се заканува: Ако го нападнете Крим, ќе следи судниот ден


„Некои украински политичари се обидуваат да ѝ се закануваат на Русија, имајќи го предвид на нападот на Крим, но доколку се случи такво нешто, тогаш ќе дојде судниот ден за сите нив“, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

„Некои возвишени, крвави кловнови кои периодично излегуваат со некои изјави и се обидуваат да ни се закануваат, мислејќи на нападот на Крим и слично… Во врска со ова, сакам да кажам дека е сосема очигледно дека тие не ги разбираат последиците од таквите изјави. А последиците се очигледни – ако се случи вакво нешто, веднаш ќе дојде судниот ден за сите нив“, рече Медведев.

„Нашата земја, таа е апсолутно единствена. Најголемата земја на планетата. И може да биде силна само ако води целосно независна надворешна политика. Ако ги штити своите граници по целиот периметар. Ако е заштитена со најсовремени типови на оружје“, рече Медведев на средбата со ветераните од Втората светска војна.