Медведев го запре Ѓоковиќ, руско финале во Дубаи


ОАЕ – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран во полуфиналето на турнирот во Дубаи, синоќа беше поразен од Русинот Данило Медведев со 6:4, 6:4.

Ова беше нивни 14 меѓусебен дуел и петта победа на рускиот тенисер.

За титулата во финалето Медведев ќе се бори против бранителот на титулата, сонародникот Андреј Рубљев, кој претходно го совлада Германецот Александар Зверев со 6:3, 7:6 (11:9).

Турнирот во Дубаи се игра за награден фонд од 2.855.495 долари.