Медведев го освои турнирот во Дубаи
ОАЕ– Рускиот тенисер Даниил Медведев денеска ја освои титулата на турнирот во Дубаи, откако во финалето го совлада сонародникот Андреј Рубљев со убедливи 6:2, 6:2.
Медведев ја освои 18-та титула во кариерата, трета во низа, по само 68 минути игра .
Рускиот тенисер славеше во Ротердам и Доха пред турнирот во Дубаи, со што стана третиот тенисер кој освоил три титули во исто толку недели од 2021 година, придружувајќи им се на Каспер Руд (јули 2021) и Феликс Огер Алиасим (октомври 2021 година).
Медведев го подобри и меѓусебниот резултат со рускиот тенисер на 5:2.
Од друга страна, Рубљев не успеа да ја одбрани титулата во Дубаи освоена лани и остана со 12 освоени трофеи.