Медицинскиот центар во Хјустон речиси нема место за пациенти на интензивна нега


Дури 97 отсто од 1.330 кревети за интензивна нега во Медицинскиот центар во Хјустон, Тексас се зафатени со пациенти, објавија локалните власти.

Хјустон е епицентарот на ширењето на новиот коронавирус во Тексас. Државата објави рекорден број случаи на заразени од коронавирус во последните 24 часа, соопшти државниот оддел за здравство. До синоќа според медицинскиот комплекс, биле зафатени 1.298 кревети на интензивна нега. До крајот на денот се чекува целосно да бидат зафатени тие кревети, јавија локалните медиуми.

– Во Хјустон во средата се регистрирани повеќе од 987 нови инфекции, изјави градоначалникот Силвестер Тарнер. Тој истакна дека 91 отсто од новите инфекции потекнуваат од тестови спроведени помеѓу 14 и 22 јуни.

Тексас има пријавено над 125.000 заразени и речиси 2.300 смртни случаи, според државниот оддел за здравство.

Тарнер објави дека Хјустон бара од ФЕМА да ја продолжи својата заложба за тестирање во градот и надвор од 30 јуни. Агенцијата моментно работи во две места за тестирање во градот.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот ги повика жителите на таа американска држава да останат дома во обид да се спречи „неконтролираното“ ширење на вирусот.

Сепак, 70 отсто од зафатените кревети на ИЦИ во Медицинскиот центар во Тексас во моментот се за пациенти кои не се заболени од коронавирусот, додека 27 отсто се за луѓе кои се тестирани позитивни за Ковид-19.