Медат Куртовски од СДСМ води со над 60 отсто од гласовите во Маврово – Ростуше
Кандидатот за градоначалник од коалицијата на СДСМ Медат Куртовски е во водство според бројот на добиени гласови на денешните избори во Општина Маврово Ростуше. Од досега преброените гласови за Куртовски гласале 833 гласачи, што е 67,61 процент од гласовите, додека за Мевмед Џафери од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ гласале 343 гласачи, односно 27,84 проценти. Резултатите се објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија.
Според неофицијални извори, водството изнесува над илјада гласови.
Според овие, засега неконечни резултати, во Маврово-Ростуше извесно е дека е избран градоначалник, бидејќи условот за избор на градоначалник е да излезат најмалку една третина од избирачите запишани во Избирачкиот список, (а излегле близу 50 проценти), а за победа е потребно и повеќе од 50 проценти да гласале за конкретен кандидат.