Мециновиќ: Ќе поднесеме тужби за сите измислици и шпекулации!
Моќта е во институциите, а сите тие беа впрегнати во победа на Орце Георгиевски, вели Мециновиќ
Kандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ на денешната
прес – конференција рече дека институциите се впрегнати во извојувањето победа на Орце Ѓорѓиевски , изнесувајќи како илустрациоја факто дека среде избори му бил објавенјавно матичниот број што е злоупотреба, а никој не реагирал.
,,Која институција се обиде да превенира таква ситуација? Која институција изреагира откако се
случи таква ситуација? Ова е прашање на човекови права. Ова е прашање на правата кои ги
имаме ние пред државата. Ова е прашање на тоа дека имаме неморална, неетичка, социопатска
политика која живееме триесет години. Ние живееме во социопатска политичка култура, која се
наметнува. И го нагласувам за сите нас, а не за мене индивидуално. Освен инцидентот со ЕМБГ, имаме уште низа измислици, шпекулации, напади по интегритет, напади по семејство, по луѓе кои не беа инволвирани во оваа кампања. Сето тоа ќе биде пропратено со тужби и со кривични
пријави, така што тоа е нешто што ќе го правиме од понеделник. Сега засега е нешто што го
искомунициравме и со ОБСЕ и со меѓународни инстанции, така што тоа се случи, но е само наш
дополнителен поттик”, рече Мециновиќ.
Мециновиќ го спомена и стравот од табу, поради кој, обично, се игнорирани овие работи.
,,Во моментот кога ќе се освестиме дека за оние кои нè владеат не постои табу, дека не
постои морална граница, тогаш и ние ќе се ослободиме. И допрва ако го направиме тоа, ние
можеме да очекуваме демократизација на атмосферата и на процесите. Никогаш веќе да не ни
се повторуваат избори и процеси на одлучување кои ќе бидат длабоко под влијание на оние кои
имаат моќ. Моќта е во институциите и сите институции беа впрегнати во победа на Орце
Георгиевски”, додаде Амар Мециновиќ.

Тој дообразложи и на каков начин смета дека институциите работеа во интерес на неговиот
противкандидат.
,,Орце Георгиевски ги имаше сите пари на негова страна, сите привилегии за рекламирање. На
крај, нè уценуваа како граѓани – ако не победи Орце, ќе живеете во смет. Сè доби човеков.
Неговиот тим вади лични документи. Тоа е нивната политика на служби, на бизниси, на
репресија. Нашата политика е политика на комуникација со јавноста. Ние знаете како
функционираме. Ние функционираме вака, во разговори со вас и на социјалните медиуми. Тоа е
нашата комуникација. Нивната комуникација е структурирано насилство. Ова што се случи овие
избори е структурно насилство, преку институциите и прек, механизмите за владеење”,
рече Мециновиќ.
Фото: Борис Грданоски