Мбапе оди во Реал Мадрид, сумата за трансфер е фантастична


Килијан Мбапе разговарал со катарскиот емир Тамим бин Хамад, сите очекуваа Французинот да стави потпис на нов договор, но по се изгледа нема ништо од тоа, пренесува СЕЕбиз.

Мбапе на сите јасно им стави до знаење дека има намера да остане во Париз најмногу една година, што го налути Тамим кој реши ни помалку ни повеќе да го продаде веднаш во Реал Мадрид.

– Мбапе ќе му се приклучи на Реал. Емирот на Катар и Флорентино Перез се договорија за цена од 200 милиони евра + 50 милиони евра бонуси – пренесуваат француските медиуми.

Да потсетиме, Мбапе одби да потпише нов договор со ПСЖ, но јасно кажа дека сака да остане во овој клуб и следната сезона.

– Следната сезона останувам во ПСЖ, следната година ќе донесам одлука за мојата иднина – изјави неодамна Мбапе и додаде:

– Многу работи може да се случат за една година, особено кога се работи за клуб како ПСЖ.

Се зборуваше дека Реал Мадрид ќе издвои околу 120 милиони евра за Мбапе, но Перез очигледно не сакаше да пропушти таква можност.