Мажот ја убил сопругата во Битола, па си пресудил сам


 
По вчерашната информација дека во стан во Битола се најдени две мртви тела, денеска полицијата соопшти дека по расправија, мажот ја убил сопругата, а потоа се самоубил.
Имено, во неделата во 14.15 часот во СВР Битола било пријавено дека во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола С.Ѓ. (62) по претходна расправија извршил убиство на неговата сопруга М.Ѓ. (57), по што извршил самоубиство.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција. Се работи на расчистување на случајот.