Мажите умирале повеќе од жените од корона вирусот во Македонија


Фото: Б. Грданоски

Дури една третина од починатите од КОВИД-19 умреле во рок од три дена од хоспитализацијата, бидејќи голем број од заболените одат во болница дури откако ќе дојде до сериозно влошување на состојбата.

Статистиката на Институтот за јавно здравје покажува дека 42,62 отсто починале 6 до 14 дена по приемот во болница, а 16,39 отсто умреле по повеќе од две недели во болница. Според податоците,  7,38 отсто починале дома.

Од вкупно заболените од КОВИД-19 досега, повеќе се жени (1.437) од мажи (1.353), но кај починатите, мажите се двојно повеќе, 101 наспроти 48. Најголем дел од смртните случаи се на возраст над 60 години (62%). Од починатите, кај 113 (75,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (54%), дијабет (20%) и белодробна болест (19%).

Според процентот на заболени од вкупниот број жители, најмногу регистрирани случаи на КОВИД 19 има во Куманово, по што следат Прилеп, Велес, Дебар, Скопје, Струга и Тетово.тел со 56, Гази Баба со 55 и Аеродром со 50.