Маж во Португалија убил три лица и себеси


Еден маж денеска уби три лица, а потоа се самоуби во португалскиот град Сетубал, на околу 45 километри јужно од главниот град, јави Си-Ен-Ен Португалија.

Полицискиот службеник Жоао Фреире изјави за Ројтерс дека по дојавата за пукање се пронајдени четири тела, а причините и детали сè уште не се познати.

На местото на настанот излезе полицискиот одред за криминал, додаде тој. Си-Ен-Ен Португалија објави дека пукањето се случило околу 8 часот наутро во сиромашното предградие Сетубал наречено Баиро Азул и дека напаѓачот извршил самоубиство.