Маж уби пет лица со ловечка пушка, му галамеле под прозорец


Маж од руското село Јелатма, уби пет лица, затоа што гласно зборувале под неговиот прозорец, соопшти денеска руската полиција.
Селото Јелатма, во кој се случи немилиот настан, е оддалечено на 200 километри од Москва, а се наоѓа во карантин поради ковид-19, пренесе Би-би-си.
Според првичните наоди на истрагата, мажот во саботата околу 22 часот по локално време, најпрво ги опоменал групата луѓе под неговиот прозорец да престанат, затоа што правеле голема галама.
Но дошло до расправија, па тој ја зел ловечката пушка и почнал да пука.
На место убил четворица мажи и една жена, а тој е уапсен, претресена е неговата куќа и запленето му е оружјето.