Семејни насилства: Маж од Скопје пријавил дека го нападнала сопругата


Во четвртокот, во 21.20 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат со тврд предмет од својата сопруга М.А.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, во 23.30 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена пријавила дека на 22.05.2024 околу 15.30 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од својот вонбрачен партнер Љ.Д.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 20.30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријавила дека на 12.05.2024 околу 22.30 часот во семејниот дом во скопско, била физички нападната од својот сопруг М.Б.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 14 часот во четвртокот, во Полициската станица Радовиш 44-годишна жена пријавила дека на 22.05.2024 околу 21.00 часот во семејниот дом во Радовиш, била физички нападната од својот вонбрачен партнер С.Џ.(36) од Радовиш.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.