Маж им се заканувал на медицински лица во Ѓорче Петров


Во средата, околу 00,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиника „Ѓорче Петров“ на бул. „Партизански одреди“, Р.И.(47) од село Кондово, скопско го нарушил јавниот ред и мир.

Тој ги омаловажувал и им се заканувал дека ќе ги убие М.Б.(36) од Скопје и М.К., вработени како медицински лица во поликлиниката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.