Матурант од Хрватска загина на екскурзија во Прага, учениците од Пореч се вратија дома


Учениците од Пореч кои биле на училишна екскурзија во Прага, каде се случи трагичен настан во кој загина еден ученик, се вратиле дома, пишува Истра24.

Седумнаесетгодишникот од Умаг, средношколец во гимназијата „Млате Балота“ во Пореч, Хрватска, најверојатно паднал од петти кат од зграда во Прага каде што бил излезен со сите соученици и четворица професори за време на училишна екскурзија, информира Јутарњи лист.

Според Крешимир Брониќ, директорот на гимназијата „Мате Балота“ во Пореч, утринава разговарале со професорите и водичите кои биле на патувањето.

„Засега имам само усни информации за тоа што се случило и додека не ми биде официјално потврдено, не би давал никакви информации за причините за трагедијата“, изјави тој  и додаде дека е ангажирана екипа за кризна интервенција и дека од утре на учениците и родителите од паралелката од која жртвата била ученичка ќе им биде укажана потребната психолошка помош.

Директорот потврдил дека се работи за млад човек од Умаг, кој посетувал училиште во Пореч. Тој починал за време на неколкудневното патување на училиштето во Прага. Наводно, причина за смртта е пад од голема височина. На патувањето имало речиси 90 ученици од трето и четврто одделение од општа и јазична гимназија.