Матуиди: Ние сме меѓу оние кои можат да ја освојат Лигата на шампионите

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Блез Матуиди, смета дека Јувентус е созреан и доволно квалитетен за највисок пласман во Лигата на шампионите.

– Постојат неколку клубови кои можат да ја освојат Лигата на шампионите. И ние сме меѓу нив. Сакаме да постигнеме нешто значајно. Но, треба да одите од натпревар во натпревар сигурно и постепено. Не очекува тешко соочување со Атлетико. Играњето против шпанскиот претставник е секогаш тешко. Во натпревар со овој ривал тешко е да се задржи сè под контрола, изјави Матуиди.

Натпреварот Атлетико Мадрид – Јувентус е закажан за утревечер со почеток во 21 часот и е од првото коло Д-група во Лигата на шампионите.