Мастерсот во Мајами засега не е одложен или откажан


САД– Организаторите на тенискиот Мастерс во Мајами соопштија дека нема да го откажат или одложат турнирот. Претходно, турнирот во Индијан Велс беше одложен поради епидемијата на коронавирус.

На официјалниот Твитер на турнирот, организаторите тврдат дека внимателно ја следат состојбата со коронавирусот и се консултираат со властите и експертите.

Мајами опен треба да се игра од 23 март до 5 април. Неговиот вкупен награден фонд е 8,7 милиони долари.

Турнирот во Индијан Велс беше предвиден да се игра  од 11 до 22 март.