Мастерклас за креативно пишување со Венко Андоновски
Од денес, 4 ноември, во 18 часот, во Јавна соба, започнува серијата (три) предавања за креативно пишување, наменети за идните писатели, под менторство на еден од највлијателните македонски писатели, професорот по книжевност Венко Андоновски, во организација на „ТРИбина“.
„Искористи ја можноста да се запознаеш со вештините на пишувачкиот занает низ крими-приказните, трилерот и мелодрамата. Ѕирни зад структурите на приказните, преврти ги жанровите, создај книжевни ликови и вешто жонглирај со перспективите.
На предавањата ќе се запознаеш со бројни книжевни ликови: од актанти до интриганти, лик-жртва и трагичен лик. Ќе научиш како да создадеш книжевен лик со кој читателите сочувствуваат и како да ја раскажеш ситуацијата од различни гледни точки. И во најконцизните, двострани комуникации, една ситуација може да се доживее на различни начини. Заплетот не е ист за крадецот, за жртвата или за полицаецот„, се вели во соопштението на организаторот.