„Mastercard“ кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање и со бонус од 1.000 денари
„Mastercard“ кредитните картички од „Комерцијална банка“ сега може да се добијат без надомест за аплицирање и со бонус од 1.000 денари на платежната сметка по првата извршена трансакција со картичката.
Понудата, со која корисниците добиваат уште повеќе задоволства, трае до 31.10.2023 година, а може да изберат „Mastercard Standard“, „Mastercard Revolving“, „Мastercard Skopje City Mall“ или „Мastercard Platinum“ кредитна картичка, зависно од тоа која најмногу им одговара.
Кредитните картички од „Комерцијална банка“ овозможуваат поголема куповна моќ и одложено плаќање, а се прифатени секаде во светот.
Повеќе информации за начинот на аплицирање и за бенефитите што ги овозможуваат кредитните картички на Комерцијална банка се достапни на следниот линк.