Масовни протести пред резиденцијата на израелскиот премиер Нетанјаху


Илјадници демонстрантите побараа оставка од премиерот поради судењето за корупција

 

Илјадници демонстранти демонстрираа пред официјалната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим во вторникот вечерта, повикувајќи го да си даде оставка поради обвиненијата за корупција, додека неколку одделни социјални протести се случија во исто време низ целата земја.

Некои од демонстрантите се обиделе да ги пробијат безбедносни бариери на местото на настанот. Армиското радио објави за судири со полицијата и соопшти дека двајца демонстранти се уапсени.

Демонстрацииите во Ерусалим се дел од тековните антикорупциски протести против Нетанјаху. Демонстрациите во вторникот вечерта беа предводени од антикорупциски активисти кои го нарекуваат Нетанјаху „министер за криминал“. Демонстрантите, негирајќи ги наредбите за одржување на социјална дистанца, извикуваа пароли и свиреа од труби пред домот на Нетанјаху.

Еден организатор на протестите, резервниот армиски генерал Амир Хаскел, ги повика луѓето собрани на 14 јули, „231-годишнината од француската револуција“, да „бараат слобода, еднаквост и братство“.

Како што се зголеми протестот против Нетанјаху, неколку десетици приврзаници на премиерот одржаа контра-протест во близина.

Апсењето на Хаскел, поранешен генерал на Воздухопловните сили, заедно со уште двајца, на крајот на јуни го претвори во симбол на протестното движење кое се спротивставува на постојаното владеење на Нетанјаху.

Протестот се надоврзува на масовните демонстрации за време на викендот против справувањето на владата со финансиските влијанија на корона вирусот, при што илјадници луѓе се собраа во Тел Авив за митинг кој подоцна стана насилен, бидејќи некои демонстранти се судрија со полицијата.

Луѓето со различно економско потекло и сектори беа на демонстрациите во саботата навечер, вклучително и сопственици на тешко погодени мали бизниси; хонорарни преведувачи и самовработени лица; членови на индустријата за забава и услужниот сектор; како и студенти.

Имаше распространет гнев од различни сектори на економијата, чии членови велат дека владата не прави доволно за да им помогне да ја намалат кризата, придружена со бес поради наводното погрешно насочување на финансиската помош и бирократските комплексности за добивање помош. (Според агенциите)