Масовен руски напад врз пристанишната и индустриската инфраструктура во Одеса


Русија утрово изврши масовен напад врз индустриската и пристанишната инфраструктура во Одеската област, соопшти претседателот на Одеската областна воена администрација, Олег Кипер, на својот канал на „Телеграм“.

„Избувнаа големи пожари. Поради значителното количество чад, специјалисти од службата за радијациска, хемиска и биолошка заштита при Државната служба за вонредни ситуации извршија увид на подрачјето. Според резултатите од мерењата, не се откриени опасни материи“, посочи Кипер.

Тој додаде дека сите пожари веќе се изгаснати и дека во нападот нема повредени лица, а надлежните служби ги отстрануваат последиците на терен.

Инаку, во Одеската област живеат повеќе од 150.000 Бугари, кои според последниот официјален попис во Украина се трета најбројна заедница. Во самиот град Одеса живеат меѓу 50.000 и 60.000 Бугари, додека најголемата компактна бугарска заедница е концентрирана во Болградскиот, Измаилскиот и Белгород-Днестровскиот реон.