Маските N95 речиси 100% штитат од корона вирус, но и од аерозагадување, вели д-р Докиќ
Загадувањето во комбинација со Ковид-19 е удар кој може сериозно да се превенира со носењето маски, но и не кои било.
Др Дејан Докиќ за емисијата „25 минути“ на ТВ24 објаснува во кои случаи маските не штитат.
-Во однос на епидемијата со ковид 19 и мерките кои се превземени за заштита маските N95, вршат заштита во 95 проценти од воздухот кој доаѓа до носот.Затоа и се нарекуваат N95.Во голема мерка тие ја намалуваат концентрацијата на аерозагадувачите кои би продреле до носот. Истото важи и за поленските зрнца во сезоната на алергија. Носењето на маски покрај заштитата од ковид, штити и од респираторни и вирусни инфекции како и од алергии, вели д-р Докиќ.