Маск се откажа од Фараж, немал „тоа што треба“ за лидер
Откако му вети дека ќе го помогне со 100 милиони долари во кампањата за следните избори и почна секојдневна политичка хајка против владеечките Лабуристи во Велика Британија за да му отвори пат да освои повеќе гласови, Елон Маск денес се откажа од лидерот на Реформистичката партија Најџел Фараж.
Според она што го напиша на „Х“, на Фараж му фали лидерски капацитет.
„На Реформската партија и треба нов лидер. Фараж го нема тоа шти треба“, напиша Маск на „Х“, откако со денови е масивно инволвиран на британската политичка сцена и бара оставка од актуелниот премиер.