Маск продаде акции на „Тесла“ за уште милијарда долари


Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, продаде уште еден дел од акциите на компанијата за околу 1,05 милијарди долари, покажуваат финансиските податоци објавени оваа недела на берзата.
Тој овој месец продаде акции на „Тесла“ за вкупно 9,85 милијарди долари, пренесува CNBC, прецизирајќи дека на 10 ноември остварил продажба во износ од 6,9 милијарди долари, а на 15 и 16 ноември во износ од уште 1,9 милијарди долари.