Маск пред судот сведочеше за плановите за преземање на „Тесла“


Илон Маск

 

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, пред судот ги објасни околностите на неговиот твит од 2018 година, во кој најави целосно преземање на „Тесла“, што никогаш не се случи.
Парите, наводно, му ги ветил саудиски инвестициски фонд, кој не ја знаел цената на преземањето. Дали им наштетил на инвеститорите ќе одлучи поротата.

Маск рече дека наводно му биле ветени пари од саудиски фонд, но дека работата може да се финансира и со продажба на удел во неговата компанија „Спејс икс“ (SpaceX). Тој во понеделникот пред судот во Сан Франциско призна дека само со тој фонд разговарал за преземањето и дека за цената на акцијаите дознал од неговите твитови.

Тој рече дека ги објавил твитовите бидејќи очекувал Фајненшл тајмс да објави приказна за приватизацијата. Пртиоа, посочи дека не знаел каква приказна ќе подготви весникот за тоа.

Судијата Едвард Чен минатата година утврдил дека твитовите на Маск не се вистинити. Но, поротата сега мора да одлучи дали неговите изјави се важни за инвеститорите и дали тие им наштетиле бидејќи вредноста на акциите на „Тесла“ во тоа време значајно осцилираше. Тие исто така мора да одлучат дали Маск знаел дека дава лажни изјави.

Инвеститорите во производителот на електрични автомобили го тужат Маск поради твитот во кој тој тврди дека има 72 милијарди долари за целосно да ја преземе „Тесла“. Било речено дека е подготвен да плати 420 долари за акција, а потоа компанијата да ја отстрани од берзата.