Маск повторно продава акции на „Тесла“, го намали својот удел за 3,6 милијарди долари


Илон Маск повторно ги продава акциите на „Тесла“. Сопственичкиот удел на Маск во „Тесла“ падна на 13,4 отсто од 17 отсто за една година.

Маск продаде акции од оваа компанија во вредност од 3,6 милијарди долари, со што вкупниот износ годинава достигна речиси 40 милијарди. Инвеститорите сега се уште понервозни бидејќи продажбата дополнително ја намалува цената на акцијата – вредноста моментално е најниска во претходните две години – 156 долари. Само утринава акцијата загуби околу 2,5 отсто од вредноста.

Маск продаде 22 милиони акции на највредната автомобилска компанија во светот во период од три дена, од понеделник до среда. Ова е втора голема продажба на акции откако Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври.