Масакр во Србија: Дедо си ги уби зетот и внукот, а ги рани снаата и другиот внук


Во Књажевац во Србија, синоќа се случи масакр кога 63-годишниот Ненад Рониќ на сред семејна расправија уби двајца, а уште двајца рани.

Имено, со пиштол ги затрелал зетот и внукот, а тешко ги ранил снаата и другиот внук.

Потоа побегнал, а полицијата го нашла и го притворила, пренесува српски „Блиц“.

Семејната драма се одиграла во дворот на куќата во која сите заедно живееле. Кавгата почнала меѓу убиениот 19-годишниот Иван Рониќ и неговиот братучед К.Р. Имено, Иван Рониќ го претепал К.Р. по што тој се пожалил на дедо му Ненад Рониќ, чиј одговор бил да го земе пиштолот во рака.

На врвот на кавгата, Ненад Ронич пукал во 38-годишниот зет Јастреб Асановиќ, кој починал веднаш, па во Иван Рониќ, кој починал воп болница. Освен нив, ранети се и малолетните Б.Р. како и снаата на Ненад Рониќ. 20-годишната Романа.

Убиецот во моментот е во привтор, а полицијата соопштила даека до сега во ова семејство немало насилство.