Масакр во руска воена база близу Украина – 11 убиени


Белгород

 

Во една од воените бази во пограничниот регион на Белгород имало пукање. Ова го објавија неколку руски медиуми, а потоа го потврди Министерството за одбрана. Медиумот „Сота“, повикувајќи се на аудио снимка, „најверојатно од сестра на една од жртвите на престрелката“, пишува дека оганот бил отворен на полигонот за мобилизираните.

Изворот на публикацијата меѓу роднините на мобилизираните рече дека пукањето се случило на полигон во селото Солоти. Според новинарите, пукале тројца војници. Двајца од нив се убиени на лице место, а еден успеал да побегне.

Телеграмскиот канал „Внимание, вести“, повикувајќи се на роднина на еден од мобилизираните во исто време, објави дека двајца вооружени војници отвориле оган кон единицата, при што загинале 12 лица.

Руското министерство за одбрана соопшти дека непознати лица отвориле оган во базата и дека се убиени 11, а ранети 15 лица и дека се работи за „терористички напад“. Министерството тврди дека нападот го извршиле двајца „терористи“ и дека тие се убиени.