Најмалку осум загинати во ново пукање кај Белград, напаѓачот во бегство

Пукањето почнало во училишен двор во Младеновац кај Белград, кога настанала расправија и младиот човек отишол дома, земал оружје и почнал да пука во луѓето


Полицијата во селото Дубона кај Младеновац (Фото: АП)

Во престрелката што се случи синоќа кај Младеновац, во близина на Белград, осум лица загинаа, а повеќе од 10 лица се ранети, јави Танјуг. Други медиуми во Србија јавуваат за десет загинати и најмалку 13 ранети. Се стравува дека ова не е конечниот биланс на жртвите. Како што соопшти српското МВР, акцијата „Вител“ е во тек.

Сторителот У.Б. е опкружен, но сè уште пука. Тој пукал од автоматска пушка.

Први жртви биле полицаец и неговата сестра.

Убиството се случило по расправија во двор во училиште. Урош Б. (21) бил во училишниот двор со другарите, се скарал со убиениот полицаец, а потоа отишол во куќата, земал пушка и почнал крвав пир.

Пред крвавиот поход напаѓачот бил во училишниот двор со другарите, но набргу потоа настанала расправија и младиот човек отишол дома, земал оружје и почнал да пука во луѓето, пишува Блиц.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Како што неофицијално дознава „Политика“, напаѓачот У.Б. е роден 2002 година, а по пукањето во село Дубона се упатил кон Младеновац. Напаѓачот отворил оган од автоматско оружје и во соседното село Шепсин, но засега нема потврда дали во таа прилика ранил повеќе луѓе.

Полициските сили ја блокирале областа и тргнале по напаѓачот.

Пукањето се случило во селото Дубона во околината на Младеновац, а во таа прилика се ранети седум лица.

Според неофицијални извори од возило во движење било пукано од автоматска пушка. Наводно меѓу ранетите има и деца, а погоден е и полицаец.

На терен се испратени силни полициски сили и екипи на итната помош.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Првично беше соопштено дека едно машко и една женка не даваат знаци на живот.

Потерата по напаѓачот е во тек, а според неофицијални информации полицијата успеала да го опколи напаѓачот, но тој одбива да се предаде. Отворил оган врз полицајци, хеликоптер го прелетал подрачјето.