Мас: Русија да помогне во истрагата за случајот на Навални

Русија треба да помогне во истрагата за случајот со лидерот на опозицијата Алексеј Навални, кој е примен во една берлинска болница под сомнение дека е отруен, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, во пресрет на европските консултации по повод овој случај.

– Очекуваме Русија да се приклучи на напорите за целосно разјаснување што навистина се случило, но во моментот тоа не изгледа така. Денеска ќе разговараме за тоа на министерско ниво на ЕУ и ќе биде полесно Москва да се приклучи во истрагата, рече Мас.

Тој додаде дека во спротивно, прашањето ќе остане отворено и дека ЕУ ќе треба да одлучи што понатаму.