Мартинез остана селектор на Белгија


Белгија– Белгискиот селектор Роберто Мартинез изјави денеска оти останува на должноста и покрај елиминацијата на Белгија во четвртфиналето на ЕУРО2020, додавајќи оти ќе се обиде идната година да ја освои светската титула.

– Останувам селектор. Кога ќе почувствувам дека веќе немам со што да придонесам, тогаш ќе се заминам. Бев разочаран по елиминацијата, но сега се радувам на Светското првенство во Катар. А, исто така, и на Лигата на нации, изјави Мартинез, чиј договор има важност до Мундијалот идната година

Белгија во четвртфиналето на Европското првенство загуби минатата недела од Италија (1:2), што претставуваше големо разочарување за репрезентацијата, која изминатите три години е врвот на ФИФА ранг-листата.

Белгија оваа есен ја очекува финалниот турнир во Лигата на нации, на кој ќе настапат и Италија, Франција и Шпанија.