Мартенс: Конкурентноста станува се поголем предизвик

Зголемувањето на платите е можно само со паралелно зголемување на продуктивноста: Патрик Мартенс

Туризмот во февруари и март претрпе штета од 80 отсто, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство

 

Зголемувањето на платите треба да биде во кореалција со пораст на продуктивноста, укажува Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство, во неговата дневна телеграма. Тој исто така се осврнува и на проблемите во туризмот предизвикани од корона вирусот.

„Владата Република на Северна Македонија очекува оваа година пад на бруто домашниот производ за 3,4%. Пандемијата најтешко го погоди туризмот. Туризмот во месеците февруари и март трпи загуби во висина од 80 отсто“, вели Мартенс.

Тој додава дека уште посилно отсутвото на туристи ја погоди Албанија каде туризмот учествува со околу една четвртина од бруто домашниот производ. Во Албанија секој петти вработен работи во овој сектор. Туризмот во Албанија претрпе загуби во висина од 150 милиони евра, како резултат на појава на Корона вирусот.

Во однос на зголемувањето на платите, Мартенс вели дека треба да се внимава на нивното влијание врз продуктивноста и конкурентноста.

„Во првите месеци од оваа година просечната плата во Северна Македонија се зголеми за 12,4 отсто, поточно просечна бруто плата во моментов изнесува 660 евра. Со зголемувањето на платите пред почетокот на пандемијата, конкурентноста станува се поголем предизвик затоа што зголемувањето на платите е можно само со паралелно зголемување на продуктивноста.

Зголемувањето на продуктивноста е ставена под прашање особено кога се работи за трудоинтензивни индустриски процеси. Во иднина зголемувањето на автоматизацијата ќе отвори и работни места со високи плати за високо квалификувани технички професии. Нашата програма за дуално стручно образование дава посебен придонес во ова поле“, вели тој.

Мартенс исто така се осврнува и на јавниот повик за апликации за утврдување на состојбата на стратешкиот инвестициски проект според Законот за стратегиски инвестиции, што го објави Владата. Според владините критериуми, стратешките инвестициски проекти се инвестиции од најмалку 100 милиони евра на територии на најмалку две општини. Поточно инвестиции од најмалку 50 милиони евра во урбани општини и инвестициски проекти од најмалку 30 милиони евра во рурални општини.

„Со вакви чекори Република Северна Македонија стимулира нови инвестиции кои ќе значат во реорганизација на глобалните синџири на снабдување“, смета Директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс.