Марсело одлучи, останува во Реал


Одбранбениот фудбалер на Реал, Марсело одлучи да остане во мадридскиот клуб. Како што објави„ Марка“ Бразилецот почнал да планира на продолжување на кариерата во Реал по враќањето на Зинедин Зидан на тренерската позиција.

Претходно,  оваа сезона, Марсело не играше редовно.

Според изворот Реал сака да купи уште дефанзивец што може да ја покрива левата страна.

Некаде на половина од тековната сезона се шпекулираше дека Марсело ќе си замине од Реал и ќе се пресели во Јувентус кај својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо.