Мароканските сили спречија нов обид за масовен влез на мигранти во Сеута


Мароканските безбедносни сили денеска спречија неколку стотици мигранти, претежно од подсахарска Африка, нелегално да ја преминат границата во шпанската енклава Сеута.

Благодарение на интервенцијата на мароканските безбедносни сили, ситуацијата остана мирна на шпанската граница помеѓу Сеута и Мароко, која е во состојба на зголемена готовност со силно присуство на безбедносните сили, јавија шпанскиите медиуми.

Марокански безбедносни извори потврдија дека инцидентот се случил во планинска област надвор од пограничниот град Кастиљехос, југозападно од Сеута.

Според истите извори, мароканските безбедносни сили ги растерале мигрантите што се собрале во областа.

Контролните пунктови остануваат на местото на главните пристапни патишта до Кастиљехос, особено оние што доаѓаат од Тетуан и Тангер.

Во текот на раните утрински часови, напорите за надзор беа интензивирани во близина на границата со Сеута, и на копно и на море, со интервенција на брзи чамци и беспилотни летала на Кралската мароканска морнарица.