Марјан Ѓуровски на чело на Комисијата за одликувања кај Пендаровски


Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, како што соопштија оттаму, денеска се одржала конститутивна седница на Комисијата за одликувања и признанија, работно тело на шефот на државата.

Како што информира кабинетот на претседателот Пендаровски, за претседател на Комисијата за одликувања и признанија е именуван Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност, кој беше портпарол на владата во периодот кога Владо Бучковски беше премиер. За членови во Комисијата се именувани академик Луан Старова, фудбалерот Дарко Панчев, актерката Сабина Ајрула, Билјана Пеева-Ѓуриќ, оперската пејачка Весна Ѓиновска Илкова и поранешниот началник на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски.

–Претседателот Пендаровски на членовите на комисијата им посака успешна работа. Посочи дека при носењето на одлуката за составот на комисијата се водел од потребата во неа да членуваат поединци кои низ животниот пат оставиле своја трага. Членовите на комисијата се заблагодарија за честа да бидат дел од работното тело на Претседателот и изразија очекување за конструктивна работа на комисијата, со цел давање на предлози за доделување на одликувања и признанија на поединци и организации кои дале придонес за земјата, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.