Марин купува мобилен телефон со 1.600 евра буџетски пари, тој демантира
Во целост ги демантирам гласините за набавка на мобилни телефони за потребите на општинската администрацијата и Советот на Општината, како и за мене лично што денеска кружат по социјалните мрежи.
Одлуката којашто е проследена во написите е составен дел на Упатството за користење службени мобилни телефони во Општината и е изгласана на седница на Советот од страна на сите 27 советници.
Имено, станува збор за определување на максимална висина на бенефиции што ќе можат да ги искористат вработените и советниците во иднина, а претставуваат право на Општина Аеродром согласно со Договорот за користење мобилни услуги со компанијата Македонски телеком во времетрање од 24 месеци.
Во тој контекст нагласувам дека Општина Аеродром нема да потроши ни денар буџетски средства за набавка на нови мобилни телефонски апарати, односно станува збор за субвенција по основ на претплатничка линија. Дополнително ја информирам јавноста дека со бенефициите што ги има добиено Општина Аеродром врз основа на ваквиот Договор, за првпат во државата е овозможено јавно и транспарентно да бидат споделени во рамките на општинската администрација.
Договорот со мобилниот оператор е јавно достапен на системот за е-јавни набавки
и секој може да се увери во максималниот ефект којшто Општина Аеродром го има добиено при спроведување на јавната набавка за мобилни услуги.
Претходно, во некои медиуми се појави информација, проследена со документ, дека градоначалникот на Општина Аеродром, со буџетски пари ќе купува мобилен телефон, вреден 1.600 евра. Медиумите се повикуваа на твит:
За ефикасно да ја води општината на Златко Марин му треба телефон од⚠️100.000 денари.
👉За секретарот 85.000, за претседател на советот 75.000 итн..
➡️ Дека со овие што чинат по 20.000 не може ефикасно да ја води општината.
Уште малку и ќе ви дојде крајот клептомани.. pic.twitter.com/C0pL3F1oaS— Шефот (@The_Chief21) May 4, 2021
Значење на веста ѝ даде и реакцијата на партијата Левица од каде велат:
– На лудилото во општина Аеродром му нема крај, градоначалникот од СДСМ, Златко Марин, пред крајот на својот мандат го троши буџетот на општината за луксузи и аздисувања. Тој си донел одлука со која се подновува со телефон и тоа не било каков, туку од 100.000 денари. Дали дека знае и самиот дека нема шанса Аеродромци да му дадат повторно можност да ја води општината (го нема во анкетите за градоначалници), покрај кантите за отпадоци од 300 евра, обрачот за кош од 300 евра, па и чешмичка од 1000+ евра, сега си додава и телефон од неверојатни 100.000 денари. За да не се лутат останатите има и за нив, претседател на совет 75.000 денари, раководители на сектор 75.000, помошници раководители 45.000, а за советници “скромни” 15.000 денари.