Маричиќ вели дека Евростат потврдил оти Законот за попис бил според европските стандарди


Евростат потврдил дека Закон за попис бил според највисоките пропишани стандарди кои се воспоставени во сите развиени земји. Ова денеска го изјави министерот за правда во Собранието, одговрајајќи на пратеничко прашање.

„По одговорот кој стигна од Евростат се поклопуваат сите сомнежи на опозицијата и за методологијата и за Законот за попис, како и за начинот на кој ќе се спроведе пописот. Ајде да се обединиме, да ја оставиме дневната политиката на страна и заедно да го спроведеме пописот. Ги повикувам сите политички партии и ги охрабрувам да го направат тоа. Пописот ѝ е потребен пред сè на државата, на нас, на сите граѓани, а не на партиите. Вчера беше донесен и здравствениот протокол за изведување на пописот од страна на Комисијата за заразни болести, па оттука ќе бидат исполнети и сите здравствени протоколи за цел безбедно спроведување на пописот“, потенцираше Маричиќ.

Маричиќ рече дека веќе следната недела почнува попишувањето на неколку групи граѓани, меѓу кои и на дијаспората. Ќе се попишуваат од понеделник и припадниците на Армијата, лицата во воспитно-поправни установи, затворите, дипломатите и нивните семејства во странство, како и бездомните лица.