Маричиќ: Треба да сме оптимисти до крај за отворање на преговорите

Фото: Б. Грданоски

 Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека треба да бидеме оптимисти до крај во врска можноста за отворање на преговорите со ЕУ во декември зашто е во наш интерес. Црвените линии, како што потенцира Маричиќ на гостувањето во Студио 10 на ТВ 24, не смеат да се преминат и верува во македонскиот тим дека ќе дадат максимум да се отворат преговорите без да се загрозат интересите и идентитетот.

„Треба да сме оптимисти до крај и да се надеваме и да работиме“,  рече министерот Маричиќ.

„Ние билдаме патриотизам цело време но не национализам. Како Влада имаме јасна патриотска позиција дека е во врвен интерес на нашите граѓаните, на нашиот народ и нашата земја да ги почне преговорите со ЕУ што поскоро, ние сме за жал заглавени повеќе децении во овој процес а многу држави околу нас станаа членки дури и поранешна Југославија со кој сме имале исти систем станаа членки на ЕУ и мислам дека С. Македонија заслужува да ги почне преговорите и вреди да се бориме за тоа“, рече Маричиќ.

За состојбите во судството и владеењето на правото, вели дека правдата кај нас стасува етапно, но дека реформите че се спроведат. Не може, додава Маричиќ, да се каже дека се е исто и непроменето и дека има крупни случаи кои се отворени и затворени и дека двајца министри за внатрешни работи се осудени на затворски казни и осуден премиер во бегство.

-Некои стари болки во судството се останати, но не сме се откажале од таа битка да донесеме, да воспоставиме систем во кој правдата ќе се испорачува. Законските претпоставки се донесени, имплементацијата е во тек, рече Маричиќ.

Говорејќи за амнестијата, министерот потенцираше дека единствена амнестија што постоела е онаа законска, донесена во 2018 година, која ја донело Собранието и дека нема тајни амнестии. Принципот на неказнивост е нешто што ја разорува правната држава и системот и верува во одговорност на јавните личности и граѓаните.

:„Ние билдаме патриотизам цело време но не национализам. Како Влада имаме јасна патриотска позиција дека е во врвен интерес на нашите граѓаните, на нашиот народ и нашата земја да ги почне преговорите со ЕУ што поскоро, ние сме за жал заглавени повеќе децении во овој процес а многу држави околу нас станаа членки дури и поранешна Југославија со кој сме имале исти систем станаа членки на ЕУ и мислам дека С. Македонија заслужува да ги почне преговорите и вреди да се бориме за тоа.“