Маричиќ се сретна со обвинителката Русковска
Потребите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, подготовките на Република Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, како и зголемување на ефикасноста во постапувањето по предметите беа теми на разговор на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со јавната обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
Маричиќ во разговорот, како што соопшти Министерството за правда, истакна дека ќе биде поддршка во процесот на кадровското зајакнување со стручни соработници и подобрување на капацитетите на обвинителството со цел поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата.
Во однос на почетокот на преговорите и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, Маричиќ истакна дека во фокусот на преговорите ќе биде судската и обвинителската пракса и имплементацијата на законите.