Маричиќ на средба во ДКСК

Одговорноста на институциите во реформите во правосудството, унапредувањето на капацитетите на ДКСК за борба против корупцијата и исполнувањето на препораките на ГРЕКО, се само дел од темите за кои било разговарано на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска и Владимир Георгиев, член на ДКСК.

На состанокот се дискутирало околу одговорноста на институциите во реформите во правосудството, како и потребата за подобрување на соработката на институциите за водење на поуспешна превенција и активна борба против корупцијата.

Министерот Маричиќ, истакнал дека ќе има поддршка на Државната комисија за спречување на корупција во насока на унапредувањето на капацитетите за борба против корупција и посочи дека токму антикорупциската комисија е една од клучните институции во процесот на преговори со ЕУ.