Маричиќ: Европската унија со нова помош за Северна Македонија до 100 милиони евра


 

Европската унија со нова помош за Северна Македонија до 100 милиони евра. Денеска Европската комисија предлага да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија, со што уште еднаш се докажува кој стои до Северна Македонија во тешки времиња и во време на економска и енергетска криза.

Ова го објави на неговиот фејсбук профил вицепремиерот Бојан Маричиќ.

– Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи. Урсула фон дер Лајен, претседателка на Комисијата:„Ние стоиме покрај Северна Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денеска предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години, напиша Маричиќ на фејсбук.