Марго Роби е заштитно лице на новиот парфем на Шанел- Gabrielle Chanel Essence


Франција– Шанел ја најави актерката од Австралија Марго Роби за заштитно лице на новиот парфем Gabrielle Chanel Essence.

Актерката, актуелна со улогата на Шерон Тејт во „Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино, од лани е и моден амбасадор на францускиот луксузен бренд. Роби се приклучува и кон претходните заштитни лица на брендот како Лили Роуз Дип и Кјара Најтли.

Парфемот ги има во срцевината мирисите на цветовите јасмин и на тубероза, а ќе биде достапен на пазарот од септември.